27 Април, 2024
0.0432

Струмичките земјоделци, раноградинарството го заменуваат со тутунопроизводство

Објавено во: Агробизнис 07 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Се зголемува бројот на тутунопроизводителите во струмичко. Струмичките земјоделци, раноградинарството го заменуваат со тутунопроизводство. „Поради сигурната цена и субвенциите, годинава договор за производство склучиле дури 6700 земјоделци што е за речиси 20 отсто повеке од лани“ велат од земјоделските здруженија. Паралелно за 30 насто зголемени се површините, а во овој регион и нови две компании ќе откупуваат тутун. Зоран Петров од селото Сушица задоволен од ланската цена годинава ги зголемил површините под тутун. „Засадивме 1,4 хектари под тутун и очекуваме род од околу 3,5 тони. Се посветивме исклучиво на тутунопроизводството“ рече Петров за „24 Вести“. Годинашново производств во струмичко се очекува да тежи околу 3500 тони што би требало да биде поглемо за 30 отсто. Освен постојните пет откупни претпријатија во струмичко тутун ке откупуваат нови две, вели Станчо Андонов од здружението „Јака“ од Струмица, заради што тутунарите очекуваат и поголема просечно откупна цена за годинашниов род.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади