СТУДЕН БРАН: Каде „истури“ најмногу дожд денеска?
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2017
Метеоролозите за денеска ја погодија прогнозата.
Речиси ширум државата врнеше дожд а Охрид е град каде што според УМХР најмногу наврнало или таму се измерени 15 литри на метар квадратен.
Зад македонскиот бисер, на листата каде што врнело најмногу, е Прилеп.
Таму наврнале 13 литри на метар квадратен.
Големи количини на дожд се забележани и во Лазарополе, Тополчани , Маврово и Штип, но ив о Гевгелија.
На Зајчев Рид УМХР регистрирале четири литри на метар квадратен. Во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Тетово наврнале три.
Вечерва исто така се очекуваат повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни, локално и на места проследени со гремжи.
Врнежите ноќеска се очекува да преминуваат во снег на планините поради студената воздушна маса која ќе дојде од север