СТУДЕНО ВРЕМЕ И СНЕГ: Град во Западна Македонија има покривка од 10 цм
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017
Во Македонија денеска ќе имаме променливо облачно и постудено време со локални врнежи од снег, особено во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во од -1 до 6 степени.
Од утре нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на студена и сува воздушна маса, така што ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински и дневни температури. Утринските во среда, а особено во четврток на места ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе бидат во интервал од -2 до 5 степени.
Најстудено изутринава во седум часот било во Маврово, каде се измерени -7 степени, по што следи Крушево со - 5, Пожаране и Ѓуриште со -3, Берово и Тополчани со -2, и Дебар со - 1. Снежната покривка во Дебар е највисока и изнесува 10 сантиметри.