18 Мај, 2024
0.0417

Студентите бараат плурализам во студентското организирање

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Студентското организирање мора да претрпи реформи за да се создаде неполитизиран, независен и стабилен студентски систем организиран според европските стандарди- сметаат од Студентскиот Пленум. Соочени со како што велат монополот во студентското организирање, неуспешните борби на студентите со неправдите и  партизацијата на студентските претставници, бараат итно создавање на плуралистички организации кои ќе имаат легална моќ, како и Студентскиот парламент кој повеќето студенти го доживуваат како недемократски, авторитарен и оддалечен од оние од кои извира и кон кои би требало да биде насочен.

Студентите своите претставници велат дека ги доживуваат како наметнати центри на моќ кои служат на лични наместо за интересите на студентите. Затоа се децидни дека треба  да се направат измени во студентското организирање преку кои побрзо и подобро ќе се решаваат проблемите на кои секојдневно наидуваатстудентите.

Што е ИИКСА?  

ИИКСА е давачка кон Универзитетот за финансирање на информативните, информатичките, културните и спортските активности на Универзитетот. За таа намена, при уписот на секоја академска година студентите би требало да плаќаат за тие услуги по 750 денари. Согласно актите на Универзитетот тие средства се распределуваат на тој начин што вкупниот паричен фонд за ИИКСА се дели по проценти за посебни активности, и тоа за: 10% за културни и спортски активности за патронат, културни манифестации 15%, спортски активности 15%, трошоците на факултетот 15%, студентскиот парламент 20%, универзитетското радио 25%.

Секоја година, Универзитетот треба да распише Конкурс за користење на овие средства, а право на користење имаат универзитетските организации.  Но како што велат од Пленумот конкурсот и правилникот  за начинот на распределба на средствата не е објавен на веб страната на УКИМ.

“Дополнително, академските сцени на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за музички уметности и Факултетот за ликовни уметности не добиваат ниту денар, ниту имаат сопствени сметки за префрлување на овие предвидени 15%  за културни манифестации од ИИКСА. Што значи не само што нема јавност во постапката на собирање, располагање и трошење на овие финансии, дополнително нема ниту префрлени средства до академските сцени на Универзитетот, коишто се предвидени согласно актите на УКИМ да ја развиваат и унапредуваат уметничката слобода и творештво. Студентите од овие факултети за своите уметнички настапи се снаоѓаат како знаат и умеат, од сопствени приходи, од донации пред почетокот на претставите, но не и од ќесето на ИИКСА. Каде оделе овие пари, ќе треба одговор да дадат независни ревизори, судски вештаци и финансиска полиција”-  вели Александар Ташковски од Студентскиот пленум.

За студентите поради недостапноста до документите според него  е нејасно што се мисли под ставката ”трошоци на факултет” за кои  се предвидени 15%. Согласно сите постоечки акти на Универзитетот, започнувајќи од Законот за високо образование, Статутот на УКИМ и Етичкиот кодекс се бара транспаретност и отчетност во работата, особено во делот со трошењето на финансиите,но неа како што вели ја нема.

“Здружението на граѓани СПУКМ, од вкупните средства по ставка ИИКСА добиваат 20%. Што прават со тие 20%- за подетален приказ разгледајте го финансискиот извештај на СПУКМ, објавен од Студентски пленум. Универзитетското радио има своја бранова должина, има свои емисии, има свој тим, има 25% од средствата на ИИКСА за своите активности, но финансиски извшетаи за истото, не можеме да добиеме, бидејќи средставата кои се собираат и трошат од ИИКСА- не се никаде јавно објавени. За крај, 10% од вкупните финансии под ознака ИИКСА, се префрлуваат за организирање на културни и спортски активности по повод патронатот. Повторно не е допрецизирано дали се мисли на патронатот на Универзитетот, патронатот на факултетот?”- додава Ташковски.

Решение и Одлука на Уставен суд

Студентскиот парламент претставува правен наследник на некогашниот Сојуз на студенти кој според Судската одлука на Уставниот суд донесена уште од 2008 година, го оневозможувал правото на учество на студентите во управувањето преку формите на самоорганизирање, во кое се вели “Тргнувајќи од наведените уставни и законски одредби, содржината на оспорените делови од одредбите од членовите 56 став 1 и 106 став 1 од Статутот, како и наводите во иницијативата, Судот утврди дека со овие оспорени одредби на студентите им се ограничува правото само преку Сојузот на студентите да избираат свој претставник во Универзитетскиот сенат, односно само претставник на Сојузот на студентите да биде избран како член на ректорската управа. На студентите всушност им е ограничено правото да учествуваат во управувањето во органите на Универзитетот само преку Сојузот на студентите, а не и преку други форми на самоорганизирање на студентите или на друг начин според условите утврдени во закон како што е утврдено и во членот 163 од Законот за високото образование”.

“Согласно актите на Универзитетот ваква е правната рамка на ИИКСА, која е добро замислена како да изгледа- на хартија, но не и во реалноста. Злоупотребата на само тие 20% од вкупните 750 денари кои одат на сметката на нелегитимното СПУКМ носат противправни заработки на студенти кои живеат во заблуда и си мислат дека ги претставуваат студентите. Затоа, Уставниот суд бара прекинување на постоење на Сојузот на студенти со цел опфаќање на сите форми на самоорганизирање на студентите, а основачите на Студентскиот парламент ја презентираат идејата за Парламент, кој би ги обединил ставовите на сите студенти во еден единствен и ќе ги обедини сите иницијативи на самоорганизирање. Но, СПУКМ не само што потфрли во тоа, туку дополнително 2 години имаше нелегитимни тела, сега не постои ниту Студентски правобранител, дополнително две годишното постоење на иницијативи за самоорганизирање е доказ за нивниот затворен тип на функционирање, кој сега после објавувањето на финансиските извештаи и сомнежот за ненаменско трошење на доделените средства, не верувам дека некој има во план да соработува со нив”- објаснува студентот Ташковски.

За двојните аршини

Државните органи,  велат дел од студентите  експресно ја спроведуваат истрагата “Еразмус”, дополнително се изречени мерки за забрана за вршење на професија на дел од професорите од Економски факултет. Оттука со веќе достапни финансиски извештаи за работата на студентската организација  очекуваат државните органи како што постапуваат за професорите,  да започнат и за студентите.

“Пријавено е веќе пред повеќе од една година- фалсификување на потписи на Правен факултет, а сега дополнително со ненаменското трошење на стекнатите средства на СПУКМ, државните органи би требало до сега да имаат дојдено на Универзитет. Студентите кога ќе забележат проблем наместо во јавно обвинителство, пологично е да се обратат кај Студентскиот правобранител и организацијата која ги застапува, но како еден студент да се обрати кај колегите да го заштитат, ако и тие имаат основи за финансиски криминал? Затоа е неизбежно државните органи да ја исчистат корупцијата и коруптивното однесување кај, за жал, студентите, за да може кога нареден пат професор се осмели да побара мито, наместо да се чека само на државните органи, постапките во рамките на Универзитетот да се во тек, а не како сега- да не ни постојат “-  нагласува  Ташковски.

По многуте проблеми кои  како што велат го мачеа автентичното студентско движење кон крајот на месецов сите студенти ќе добијат можност преку првиот студентски референдум на кој ќе можат да се изјаснат дали телото кое ги  претставува -СПУКМ,  во рамките на универзитетот, да продолжи да биде невладина организација.

Во меѓувреме:

“Ги охрабруваме  колегите да одбијат да платат ИИКСА на своите факултети, бидејќи  плаќањето на ИИКСА значи Ваше одобрување на финансии за авионски летови и Џони вокер за новоизбраните раководни органи на Здружението на граѓани СПУКМ кое обожава да се претставува лажно- т.е. дека била организација која ги претставувала правата на студентите. Дополнително, во време кога не постои Студентски правобранител на Универзитетот, ги повикуваме сите колеги да ја следат фејсбук страната на Студентски пленум за да можат да ги симнат барањата за премин од приватна на државна квота со 8,5 просек од втора година студии, барањето за бесплатно школување за студенти кои оствариле над 9,00 просек од претходната година и заедно самоорганизирано по групи или години да настапат пред Студентски прашања и Деканатските управи на своите факултети. Претходно задолжително да ги архивираат своите барања во архивите на факултетите”- порачува Александар Ташковски од Студентскиот пленум.

Оттука велат Пленумот ќе им биде на располагање на сите студенти кои ќе наидат на отпор и неразбирање од страна на службите на факултетите.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање