04 Мај, 2024
0.0247

Субрата Рој ја „преживеа“ 2013-та, но следната година ќе биде ѓаволски тешка за индискиот милијардер!

Објавено во: Анализа 25 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Групацијата Сахара и нејзиниот сопственик, Субрата Рој беа обвинети со голем број на нерегуларности но се уште успеваат да му пркосат со својот однос на индискиот врховен суд, пишува во својата анализа индискиот Pardaphash.com. Компанијата претрпе големи удари кога нејзините аномалии беа изложени во медиумите но и покрај подвигот надолу, Сахара сепак не дозволи да се неправи преврт со обвинувања од медиумите и регулаторното тело SEBI, пишува во анализата. 2013 не беше плодна година за Сахара Индија, ова според Pardaphash.com. се најголемите причини за тоа. - BCCI им ја одзеде нивната IPL франшиза за Pune Warriors - Сахара доби известување од Врховниот суд за поврат на средства на инвестиотрите во висина од Rs 24000cr - Вистината за раскошниот град на Сахара во Лакнау беше исто така откриена - Врховниот суд му го забрани движењето на Субрата Рој надвор од земјата - Star India ја замени Сахара како спонзор на индискиот крикет тим Сахара Индија не само што ги имаше измамено своите инвеститори туку голем број на луѓе кои биле зависни од нив. Во пишувањата на Pardaphash,  било откирено како Сахара успеала својот раскошен град во Лакнау да го изгради на земјиште на кое била предвидена изградба на станбени згради, комерцијален комплекс и еколошки зелен обрач. Информациите објавени во истиот медиум тврдеа дека Сахара го прекршила договорот потпишан претходно со општинската корпорација Nagar Nigam додека 170 хектари од земјиштето и биле доделени на компанијата. Кога општинската корпорација подоцна ги виде градежните активности на Сахара, сватија дека е направена грешка со доделувањето на земјиштето бидејки компанијатаго ја раскина довербата по што добија известување, пишува Pardaphash.com. Сахара на сето ова успеа да поднесе тужба најпрвин во локалниот општински суд, потоа се жалеше на повисокиот суд, каде предметот се уште е во постапка веќе 15 години и покрај обидите на дел од политичките власти сепак судската постапка му овозможи на Субрата Рој да го спречи рушењето на својот луксузен град, објавува во својата анализа Pardaphash.com. 2013 лоша, 2014 ќе биде полоша за Сахара? Ниту една политичка партија не успеа да собере храброст и да им стави крај на манипулациите на Сахара Индија, стои во анализата. Ниту компаниите на Сахара  групацијата - Sahara India Real Estate Corp и Sahara Housing Investment не ги исполнија наложбите на судот за исплата на побараувањата на SEBI за враќање на парите на инвеститорите. Побарувањата не беа исплатени ниту по одлуката на Врховниот суд пишува Pardaphash.com. Оваа игра на Сахара со регулаторот го откри вистинското лице на компанијата и нејзиниот сопственик Субрата Рој. Можеби Сахара успеа да ја одржи својата безбедност во 2013 година но по се изгледа дека 2014 година ќе донесе повеќе проблеми за Субрата Рој поради неговите измами и играњето со човечките чувства, пишува во својата анализа Pardaphash.com. K.K.
не е дозволено преземање на оваа или на другите вести од Фактор без дозвола од редакцијата

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад