06 Мај, 2024
0.0235

Субрата Рој ќе го спасува македонското земјоделство, ќе инвестира 211 милиони евра во „Џумајлија“

Објавено во: Агробизнис 13 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Со инвестиција од 211 милиони евра Џумајлија ќе биде регионален центар на млечната индустрија, најави индискиот бизнисмен, Субрата Рој. „Анализите ни покажуваат дека со правилни инвестиции ќе успееме да ја оствариме нашата цел да бидеме лидери во овој сегмент во регионот. Можностите за развој се големи само треба да се искористат“, изјави Субрата Рој кој денеска го претстави својот план за земјоделскиот комбинат и најави дека ќе вработи над 2000 лица и ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда. Парите кои треба да ги инвестираат Индијците се за изградба на инфраструктура за извршување на земјоделските работи, потоа за набавка на машини, изградба на модерна фарма и современа млекарница за производство на млеко и млечни производи. „Оваа инвестиција за нас е можност да се развиваме во сегмент што го владееме одлично. Млечната индустрија има можности за развој единствено ако се вложат средства. Без инвестиции ниеден бизнис не е оддржлив, а посебно не сегментот на земјоделството каде тие се повеќе од потребни. Нашите намери во оваа земја се искрени, а со оглед на гео - стратешката положба на земјата, можностите за успех на еден бизнис се големи. Анализите ни покажуваат дека со правилни инвестиции ќе успееме да ја оствариме нашата цел да бидеме лидери во овој сегмент во регионот. Можностите за развој се големи само треба да се искористат“, изјави Рој. Од компанијата „Сахара Индија Паривар“ посочуваат дека инвестициите во Македонија се одвиваат во етапни фази поради долгиот рок и комплексноста на изведување на проектите. Презентацијата на проектот денеска беше направена пред премиерот, Никола Груевски, а присутни беа и министерот за земјоделство Љупчо Димовски и Виктор Мизо.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?