06 Мај, 2024
0.0235

Субрата Рој за Фактор: ќе донесеме крави и во Џумајлија ќе направиме модерна млекарница!

Објавено во: Агробизнис 12 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Индискиот инвеститор Субрата Рој најави дека во март ќе ја рестартира Џумајлија создавајќи модерна млекарница. „Тоа ќе биде целосно модернизирана млекарница, а ќе донесеме и крави од Холандија“, изјави за Фактор Субрата Рој. За земјиштето на некогашниот втор по големина агрокомбинат „Џумајлија“, кое беше одземено, откако се прогласи стечај, државата минатата година распиша на оглас за продажба. Според тендерската документација која неодамна се подготвуваше за Џумајлија, Рој требаше да инвестира над 200 милиони евра во следните три години, и имаше обврска да вработи 200 лица во првата година, а со земјиштето ќе стопанисува во следните 35 години. Индискиот бизнисмен како што првично се најавуваше планирал да донесе над 20 илјади грла говеда, да изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со голем капацитет, и да произведува млеко кое ќе се извезува во регионот и во Европа. Г.М.