29 Април, 2024
0.1645

СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: Парите на сметка, еве по каков ред ќе се оди во банка

Објавено во: Економија, Агробизнис 20 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Тутунопроизводителите  денеска од 16 до 23 часот  можат да ги подигнат субвенциите од банкомат, од утре подигнувањето готовина од банки ќе се врши по азбучен ред

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат под контролиран режим и списоци од Министерството за внатрешни работи.

Максималниот износ на средства којшто ќе може да се подигне преку банкомат во текот на 24 часа е еднаков на дневниот лимит за подигнување готовина од дебитната картичка, којшто веќе е договорно утврден со банката чии услуги користи корисникот којшто ги подига средствата. За да се подигне готовина од добиените субвенции, потребно е дебитната картичка да е поврзана со конкретната сметка на којашто е извршена уплатата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, апелира, заради заштита на здравјето, при посета на банкомат, тутунопроизводителите да се придржуваат до препораките за самозаштита, односно да почитуваат соодветна раздалеченост од другите лица коишто чекаат во редот и да се користат ракавици при употреба на банкоматот.

Оние тутунопроизводители кои имаат потреба од подигнување готовина или од други причини не можат тоа да го сторат на банкомат и треба да ги подигнат субвенциите од шалтерите на банките, тоа ќе можете да го сторат во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општините во коишто живеат, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето на тутунопроизводителот и тоа според следниот распоред:


· 21 април (вторник) презимиња кои започнуваат на А, Б, В, Г, Д;

· 22 април (среда) презимиња кои започнуваат на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К;

· 23 април (четврток) презимиња кои започнуваат на Л, Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;

· 24 април (петок) презимиња кои започнуваат на С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

-И при одењето во банка, потсетуваме, заради заштита на јавното здравје, да се почитува утврдениот распоред и препораките за држање на растојание додека се чека ред. Истовремено ве известуваме дека во периодот од 21 до 24 април, во општините каде што живеат повеќето од тутунопроизводителите, со продолжено работно време od 8 до 17 часот ќе работат филијалите и експозитурите на:НЛБ Банка: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино; Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола (Широк Сокак), Радовиш и Струмица, наведуваат од МЗШВ.

Во другите општини, филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според постојното работно време во овој период.


Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за тутунопроизводителите, движењето ќе биде овозможено до 18 часот.

Субвенциите за тутунот се веќе на банкарските сметки на корисниците. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, исплати над 30 милиони евра на 19.050 тутунопроизводители за субвенции за тутунот од реколтата 2019.


Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа