26 Април, 2024
0.0243

Субвенции за брендирање на земјоделските производи

Објавено во: Агробизнис 04 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Од следната година половина од трошоците за брендирање на земјоделските производи ќе ги покрива Владата. Помошта ќе се состои во покривање на 50 отсто од трошоците за изработка на елаборат и потребните анализи за добивање ознака за квалитет, кои сега се движат од 5.000 до 10.000 евра. Добивањето ознаки за квалитет во делот на земјоделските производи е предвидено со Законот, а досега се брендирани девет производи. Планот е на овој начин да се зголеми бројот на брендирани земјоделски производи. Владата ќе покрива 50 отсто од трошоците и за изработка на елбаорат во случај кога некој субјект сака да го користи веќе доделениот знак за квалитет на друг субјект. Дополнителна финансиска поддршка од пет отсто на продадените производи ќе добие субјектот кој ќе се стекне со знакот за квалитет и со тој знак ќе ги продава производите на пазарот, а 0,5 денари по литар или по килограм предаден производ, ќе добијат земјоделците доколку своите производи ги даваат на преработувачите кои користат знак на квалитет. - На пример доколку некој млекопроизводител го даде своето млеко на преработувач кој производува брендирано сирење тој покрај субвенцијата од 3,5 денари по литар млеко, ќе добие дополнителен половина денар по литар или вкупно четеири денари, или пак кај произведувачот на пиперка вкупната субвенција ќе биде три денари, рече портпаролот, изјави владиниот портпарол, александар Ѓорѓиев На овој начин се очекува да се подигне пазарната конкуреност и препознатливост на македоснките земјоделски производи, со што на пазарот би добивале повисоки цени токму заради квалитетот. Досега меѓу брендираните производи се кочански ориз, малешевско бело сирење, старо бачило - бело сирење, тетовски грав, овчеполски мед, македонски ајвар.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади