05 Мај, 2024
0.0305

Судењето на Мухамед Зеќири одложено на неодредено по препорака на психијатар

Објавено во: Македонија 13 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во Кривичниот суд во Скопје денеска требаше да продолжи судењето за предметот во кој обвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, но повторно е одложено, овој пат на неопределено, поради здравствените проблеми во кој се наоѓа поранешниот функционер.

Последната седница беше одложена бидејќи Зеќири, според лекарите, не е во добра здравствена состојба. Судењето го води судијката Фанка Јанчулева - Михаиловска. Истата судијка во моментов му суди на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека судењето за предметот во кој му се суди на екс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири нема да се одржи. Неизвесно е и кога истото би продолжило и ќе зависи каква ќе биде здравствената состојба на Зеќири.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 193/22, ја информираме јавноста дека, расправата насрочена за 13 март 2023 година ќе се одложи. Имено до судот е доставено ново стручно милсење на вешто лице – психијатар, според кое заради достабилизација на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели. Со оглед да се работи за здравствена состојба, судењето ќе биде одложено, а главната расправа ќе се насрочи во координација со останатите странки во постапката, како и согласно препораката на вештото лице, за што јавноста ќе биде дополнително известена“, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.   

Според обвинението, Зеќири како генерален секретар на Владата приватно склучил договори за консултантски услуги за анализа на состојбите во поштата и железницата. Поточно, тој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за над еден милион евра.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ