Сепаратистите пукале кон воен камион со противтенковски мини во близина на селото Писки, кај Доњецк, едно од упориштата на бунтовниците.
„Еден војник е убиен на самото место, а вториот нешто подоцна им подлегна на повредите“, изјави портпаролот на армијата, Олександер Мотузианик.
Според Киев, сепаратистите го нарушиле прекинот на огнот девет пати со минофрлач со 120 милиметарски гранати.
Проруските сепаратисти го обвинија Киев дека владините сили гранатирале територии кои се под нивна контрола.