Судскиот совет разреши судијка од Велес за голема професионална грешка
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2022
Судскиот совет вчера на седница ја разреши Наташа Мишева, судијка од Велес, а причината е сторена голема професионална грешка,
Нема детали зошто е разрешена судијката од Основниот суд Велес и потсетува дека постапката е тајна.
Единствено е познато дека за велешката судијка, мнозинството членови биле за разрешување.
„Судијката е разрешена според член 76 став 1 точка 7 од Законот за судовите“, велат од Судскиот совет.
Според одлуката, станува збор за потешка дисциплинска повреда која ја сторила судијката. Д
Мишева е избрана за судијка во 2011 година и суди граѓански предмети. Таа е неправосилно разрешена