05 Мај, 2024
0.0244

СУЏУБАШИ ЗА ФАКТОР: Да направиме сите заедно зборот ЉУБОВ да ни ја одбележи 2022 година

Објавено во: Финансии 30 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Годинава што ја оставаме зад нас не се ослободивме од пандемијата, но научивме да се справуваме со заканата, што направи економијата да почне да закрепнува. 

Какви се впечатоците и очекувањата за 2022 година, Фактор и оваа година пренесува ставови на познати стопанственици и банкари.

Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, за годинава што е пред нас очекува дека економијата ќе продолжи да закрепнува, банкарскиот сектор ќе остане стабилен, а Халкбанк ќе продолжи да расте. Во 2022 година банката влегува и со поамбициозна агенда, и ќе има висок приоритет за стабилен раст и одржлив профит и ќе се стреми да биде прв избор на секој клиент...

„Иако постоеше надеж дека во годинава што изминува ќе успееме целосно да се ослободиме од заканите кои ги донесе пандемијата со Ковид 19 сепак, ова влијание продолжи и во 2021 година. Но, за разлика од многуте непознаници кои беа присутни ланската година кога беше најголемиот пик од пандемијата, годинава на некој начин научивме да се справуваме со заканата, што придонесе економијата полека да почне да закрепнува. Овој процес искрено верувам дека ќе продолжи и идната година и дека ќе се стабилизираат негативните текови кои доаѓаат однадвор и кои, меѓу другото, придонесуваат за светската економска криза. Здравствената криза, заедно со нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и производство и актуелната енергетска криза, неминовно доведоа до инфлација и кај нас. Тоа значи дека инфлацијата во Северна Македонија ќе се задржи и во наредната година, но очекувања се дека ќе биде пониска од годинава и дека економијата ќе продолжи да расте.

Она што нас од банкарскиот сектор не радува е што уште еднаш се потврди дека во Северна Македонија постои силна доверба во банкарскиот сектор што се огледа во постојаниот раст на депозитите, дури и во време на кризи. Ние во Халкбанк, на пример, лани остваривме депозитен раст од 22,4 отсто во однос на 2019 година. Растот продолжи и годинава и во услови на пандемични влијанија, 2021 година ја завршуваме во рамките на предвидените очекувања. Средствата на Банката пораснаа за 5 отсто во однос на минатата година, кредитирањето се зголеми за 10 отсто од кои кредитирањето на правните лица за 6 отсто, а на физичките лица за 13 отсто. Депозитите на клиентите исто така пораснаа за 10 отсто од кои корпоративните депозити пораснаа за 9 отсто, а депозитите на населението за 11 отсто, што говори за довербата што граѓаните ја имаат во Банката.

Исто така, Банката остана високо капитализирана и заклучуно со 30.11.2021 има стапка на адекватност на капитал од 16,75 отсто. Останатите поважни показателите од работењето се исти како ланската година, што беше и очекувано со оглед на тоа што и оваа година, Банката имаше стратегија да им помогна на своите клиенти во услови на криза со најповолни услови.

Иако секако е тешко да се предивиди што ќе донесе идната година бидејќи многу работи зависат од надворешни фактори, сепак она што е очекувано е дека економијата ќе продолжи да закрепнува, дека банкарскиот сектор и во 2022 година ќе остане стабилен и ќе продолжи да работи успешно, со остварување раст на кредитирањето и раст на депозитите, и секако, дека Халкбанк ќе го продолжи растот. Во наредната година всушност и влегуваме со поамбициозна агенда. Банката и понатаму ќе има висок приоритет за стабилен раст и со одржлив профит. Ќе се стремиме да бидеме прв избор на секој тековен и потенцијален клиент. Исто така, следејќи ги трендовите на дигитализација, континуирано ќе продолжиме со вложување со цел да ги дигитализираме и подобриме сите свои деловни процеси.

Што се однесува до желбите, секако прва и најважна е пред сѐ здравје за сите. Посакувам да расте и свеста и грижата за природата бидејќи само така ќе можеме да се спротивставиме на климарските промени и да ја заштитиме нашата планета. Грижата за животната средина и негување здрави животни навики се еден од главните приоритети во општествено одговорните активности на Халкбанк. Преку нашата зелена платфрма HalkEco ние веќе неколку години спроведуваме и поддржуваме најразлични зелени проекти. И можам да кажам дека сум задоволен што гледам дека истите на некој начин беа поттик и за други организации да вложуваат во засадување нови дрвја и други „зелени“ активности. И секако посакувам, за разлика од 2020 и 2021 година кои ги одбележаа зборовите Lockdown и Vax, идната година да ја одбележи некој многу поубав збор. На пример зборот ЉУБОВ. Затоа, моја порака е сите заедно поинтензивно да го користиме овој збор, да го споделуваме со луѓето кои ни се важни и заедно да направиме зборот на годината во 2022 да биде ЉУБОВ“, порачува Суџубашу во својата новогодишна честитка.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот