03 Мај, 2024
0.0274

СУЗАНА ЈОШЕВСКА-АНАСТАСОВСКА: Преоценување на работата на судиите под европски мониторинг, наместо генерален реизбор

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Адвокатот Сузана Јошевска-Анастасовска оценува дека доколку сите судии бидат ставени на преиспитување на своите одлуки тогаш не може да се каже дека тоа е чистење на неподобните, туку дека тоа е чистење на нестручните и несовесните судии.

Јошевска-Анастасовска која е дел од советодавниот тим  во СЈО за Фактор вели дека наместо реизбор  на судиите треба да се пристапи кон преиспитување на нивната работа и постапката да се одвива со посредство на странски експерти.

Генерален реизбор можеби не е соодветен термин бидејќи истиот не може да се случи без донесување на закон со двотретинско мнозинство. Тоа што може да се случи е преиспитување на работата на секој судија преку Судскиот совет кој брои 15 членови од кои тројца ги избира Собранието, а осум членови ги избираат судиите од своите редови. Останатите членови се членови по функција (Претседателот на Врховниот суд и Министерот за правда кој е без право на глас) и двајца се предложени од Претседателот на државата. Судскиот совет одлучува со мнозинство од вкупниот број на членови во Советот. Со оглед на тоа дека Судскиот совет има надлежност да ја преиспитува работата на судиите од аспект на тоа дали истата е стручна и совесна, единствено преку ова тело гледам преиспитување на работата на судиите со постојните законски решенија. Барање за преиспитување на работата на судиите поднесува Советот за утврдување на факти, кој уште при самото формирање наиде на негодување и несогласување од страна на судската фела и експертската јавност. Дали и како ќе се постапи во рамките на законското постоење или непостоење на ова тело не е јасно, но согласно Законот за Судскиот совет, сега за сега Советот за утврдување на факти е единствен предлагач односно тело преку кое може да оди предлогот за преиспитувањето на работата на судиите. Доколку сите судии бидат ставени на преиспитување на своите одлуки, ама буквално сите, тогаш не може да се каже дека тоа е чистење на неподобните, туку тоа е чистење на нестручните и несовесните судии, што е болест број еден во судството. Доколку се пикираат неколку судии, па макар тој број и да е поголем, тогаш постои селективност, што не значи дека доколку се утврди нестручност и несовесност кај некои судии дека не треба истите да се разрешат, но самата постапка се компромитира. Постапката, каков и модел да се избере, мора да се прави со посредство на странски експерти, слично на комисиите за избор на судија во Европскиот суд за човекови права кои прецизно ќе ги утврдат критериумите под кои ќе се утврдува што претставува нестручно или несовесно постапување на судија, за да се избегне реваншизам и судиите, кои добро си ја вршат работата, да не бидат предмет на уцени и заплашувања.

Горазд Чомовски

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ