02 Мај, 2024
0.0256

Свечено отворена првата голема изложба на фотографиите на браќата Манаки во Франција

Објавено во: Стил 08 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Фотографиите на Јанаки и Милтон Манаки, најголемите фотографи на Балканот беа за прв пат претставени на голема изложба во Меморијалниот музеј во Каен. Изложбата беше свечено отворена на 7 март 2016 година, од страна на француската амбасадорка Н.Е. Лоранс Оер, вршител на должност, Амбасада на Република Македонија, г. Габриел Атанасов, градоначалникот на Каен, Жоел Брино, директорот на националниот архив, Битола, Ацо Кимовски, директорот на Меморијалниот музеј Стефан Грималди и директорот на Македонскиот центар за фотографија, Роберт Јанкулоски.

photo_01

Меморијалниот музеј во Каен е еден од најпосетените музеи во Франција и има повеќе од 500.000 посетители годишно. Изложбата се состои од 101 фотографија на браќата Манаки, особено од периодот на Првата светска војна, и ќе биде отворена за јавноста до 4 септември 2016 година.

photo_03

За време на Првата светска војна браќата Манаки продолжиле да се занимаваат со фотографија и филм. Благодарение на нивната активност, денес имаме фотографски и филмски материјал кој го отсликува тој бурен период. На изложбата ќе можат да се видат фотографии од француски, бугарски, германски и српски војници кои го посетувале нивното студио и останувале за портрет. Има исто така и фотографии од локалното население и традиционални обичаи.

photo_05

Оваа изложба е исто така повод да се промовира колективната историја која ја споделуваат Франција и Македонија, како и збогатување на соработката помеѓу Нормандија и Македонија на тема „Мир и помирување преку колективното сеќавање на Првата светска војна“. Дополнително, ќе биде изработена и Монографија за делата на браќата Манаки која ќе содржи 200 фотографии.

photo_06

Изложбата во Каен е најголемото претставување на делата на браќата Манаки досега. Изложбата е организирана од страна на Македонскиот центар за фотографија во соработка со Меморијалниот музеј во Каен, Францускиот институт во Скопје, Кинотеката на Македонија, Државниот архив во Битола и со поддршка на соработката Нормандија-Македонија, АЛДА како координатор на програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија и Агенцијата за филм на РМ.