СВЕДОЦИ НА НАПАДОТ ВО БАРСЕЛОНА: Возилото на смртта помина покрај нас
Објавено во: Свет 17 Август, 2017
Група туристи од Нови Сад попладнево беа сведоци на нападот во Барселона, но тие се живи и здрави.
Тие со туристички водич ја разгледувале улицата каде се случи нападот.
„Водичот ни кажа дека возилото поминало на 3 метри до него. За среќа во тој ужас никој од нашите не е повреден“ - изјави Славица од една туристичка агенција за медиумите.
Таа додава дека луѓето се исплашени, во паника, а нивните телефони се „вжештени“ затоа што блиските им се јавуваат да проверат дали се живи.
Најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени во терористичкиот напад што денеска се случи во шпанскиот град Барселона, кога комбе влета во топла луѓе.