05 Мај, 2024
0.0268

СВЕДОШТВО НА ЖИВКО ДАВИДОВСКИ ОД ПЕТРИЊА: Земјотресот ми ја урна куќата стара 250 години – беше историски споменик во градскиот центар

Објавено во: Балкан 30 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Катастрофа, ужас, трагедија. Со овие зборови Живко Давидовски, ја опишува состојбата во Петриња, Хрватска, која вчера беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер. Давидовски, по потекло од Македонија, живее во центарот на градот кој најмногу настрада од потресот. 

„Бев во канцаларија, која се наоѓа на приземјето од мојата куќа. Одеднаш почувствував голем удар и тресење. Успеав да се засолнам под носечкиот столб на канцеларијата. Беше страшно. Во тие мигови сфатив колку човекот е немоќен против природата. Почнаа да паѓаат на подот работите од масата и канцалариските ормари. За среќа немав повреди. По завршувањето на потресот излегов надвор. Забележав уплашени и шокирани луѓе. Сите гледавме во нашите куќи. Поголем дел од нив беа комплетно уништени, ни изјави Давидовски во телефонскиот разговор и појасни.


„Куќите во центарот на градот се изградени пред 250 години и се еден вид историски споменик. Мојата куќа не се сруши целосно, но за жал не можам повеќе да живеам во неа. Потребна е голема обнова. Тоа што се сруши ќе се изгради, но, никогаш нема да се вратат луѓето кои ги изгубија животите. Ние сите се познаваме во градот и живееме како семејство. Ова е голема загуба за сите нас. Поголем дел од мештаните заминаа кај свои пријатели и роднини во други градови. Моментно сум во Сисак, кај мои добри пријатели – вели тој.

Давидовски инаку е претседател на македонското малцинство во Сисачко-мословачка жупанија.

Во вчерашниот земјотрес во Петриња загинаа шест лица. Спасувачките екипи под урнатините ги извлекле телата на 13 годишно девојче од Петриња и пет други лица од Мајска Полјана. Според досегашните информации има повеќе од 20-тина повредени лица.

Хрватските медиуми јавуваат за голема материјална штата, особено во Петриња. Ова е втор силен земјотрес што ја погоди Хрватска годинава. Првиот беше на 22 март во Загреб со јачина од 5,5 степени, во кој загина едно девојче.

Петриња е град во Хрватска, во Сисачко-мославачката жупанија, оддалечен е 13 километри од Сисак и 60 километри од Загреб. Во него живеат околу 25 илјади жители. Името на Петриња доаѓа од латинскиот збор petrus што значи камен. Се претпоставува дека градот постоел во римско време на подрачјето на Зринска гора, која била богата со камен. Петриња се спомнува во 12-от век.

Соња Алексоска Неделковска 




Можеби ќе ве интересира

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница