СВЕТ: Гол напаѓач уби четворица луѓе во ресторан
Објавено во: Свет 22 Април, 2018
Гол напаѓач уби четири лица во ресторан во Нешвил во американската држава Тенеси, соопшти полицијата.
Напаѓачот пукал со полувтоматска пушка во ресторанот во 03:25 (08:25 GMT) во предградие на Антиохија.
Четири други лица беа повредени. Еден од нив се борел со човекот за да го одземе оружјето по што напаѓачот избегал. Полицијата трага по осомничениот, кого го идентификуваа како Травис Реининг (29), од Илиноис.
Џејмс Шо Џуни, човекот кој успеал да го земе оружјето од убиецот, им изјави на
американските медиуми дека не се чувствува како херој.
Пристигнувајќи во пикап камион, убиецот застрелал двајца луѓе надвор од ресторанот, пред да влезе внатре и да пука повторно, рече портпаролот на полицијата во Нешвил, Дон Арон.
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил гол, освен што на него имал зелена јакна, која ја фрлил додека го напуштил местото.
Тој бил вооружен со пушка АР-15, оружје што вообичаено се користи масовно во САД, соопштија медиумите.
Дебатата околу контролата на оружје се интензивираше по пукањето во Флорида, со масовни протести и напуштање на училишта низ целата земја, барајќи построги закони во последниве недели.