14 Мај, 2024
0.0278

Свети Козма и Дамјан биле лекари на болните: Што не смеете да правите денес?

Објавено во: Стил 14 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Козма и Дамјан, во народот познати и како Светите Врачи. Овие светци се сметаат за заштници на лекарската професија.

Освен во храмовите на МПЦ и православните домови овој празник се одбележува и во многу домови, и семејствата имаат куќни слави.

Според преданијата , светителите помагале и лекувале не барајќи ништо за возврат „поради добивка и богатење“ , туку „поради Бога“ па во народот се познати и како свети Безсребреници.

Дамјан и Козма според христијанските преданија останале запаметени по тоа што бесплатно лекувале. Не правеле разлика меѓу своите пациенти по националност и вера. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да го го изговараат името Христово залудно, дури иако не сакаат да го прифатат христијанството.

Светителите се погребани еден до друг во местото Фереману. Тие на иконите и фреските се претставуваат во средновековна облека, со кутии во кои носеле лекови.

vraci2

Денешниот ден по народно верување е добар за молитва за оздравување. Постои и верување дека денес не е добро да се работат тешки физички работи и дека без потреба не треба да се излегува од дома.

На денешен ден по верување не треба да се работат работи и на големи висини.

Во календарот на МПЦ Свети Козма и Дамјан, не се запишани со црвени букви, и не е задолжителен пост.

Напишајте ни во коментар дали сте слушнале некој болен човек да оздравел на Свети Врачи и дали практикувате молитва за оздравување на денешен ден.