Добивај вести на Viber
366 милијарди долари минатата година го чинеа светот природните непогоди ,изјави еврокомесарот за меѓународна соработка, хуманитарна помош и дејствување во кризни ситуации, Кристалина Георгиева ,во Европскиот парламент.Според Георгиева бројот на несреќите постојано се зголемува и оти тие стануваат се поинтензивни, при што штетите од 2005 година досега се зголемиле за 123 милијарди долари.
- Климатските промени, растот на населението, развојот на економијата во комбинација со зголемување на бројот и интензитетот на природните непогоди водат кон се поголеми штети за луѓето и за стопанството, додаде таа.