СВЕТОТ СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 8,3 степени на Фиџи, 6,3 во Индонезија
Објавено во: Свет 19 Август, 2018
Силен подводен земјотрес од 8,2 степени по Рихтеровата скала го погодија денес Фиџи при што се предизвикани помали бранови на цунами.
Засега нема извештаи за причинета штета а американскиот геолошки институт соопштил дека земјотресот е забележан на длабочина од 560 км, околу 280 км североисточно од островот Ндои.
Две недели по катастрофалниот земјотрес пак Индонезија пак се затресе сериозно.
6,3 степени по Рихтер го здрмале островот Ламбок каде во истата област пред две недели загинаа околу 490 лица.
Епицентарот на потресот се наоѓа на длабочина од 7,9 км пренесе Ројтерс.