26 Мај, 2017
0.0766

СВЕТСКИТЕ МИЛИЈАРДЕРИ НИКОГАШ ПОСИЛНИ: Исти имиња, само бројката е поголема!

Објавено во: Финансии 20 Март, 2017

Коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс повторно се најде на првото место на листата најбогати милијардери на светот американскиот магазин „Форбс“ со богатство проценето на 86 милијарди долари, додека претседателот на САД Доналд Трамп паднал за повеќе од 200 позиции, пренесува АФП.

Се наведува дека „Форбс“ соопштил дека Гејтс ја предводи оваа листа четврта година по ред, а зад него следи шефот на „Беркшир Хатавеј“ Ворен Бафет со проценето богатство во вредноста од 75,6 милијарди долари.

Во првите десет места на листата доминираат Американците, од кои многумина работат во технолошкиот сектор, а меѓу нив се основачите на Амазон, Џеф Безос на позицијата број три, основачот на Фејсбук Марк Закерберг на петтото место и коосновачот на Оракл Лери Елисон кој е седми.

„Популацијата на милијардери ширум светот порасна за 13 отсто во текот на минатата година на 2043 луѓе, што е најголемо годишно зголемување во последните 31 година откако магазинот почнал со составување на вакви листи“, соопшти Форбс.

Се наведува дека најмногу милијардери имаат САД-565, Кина е втора со 319, а Германија трета со 114. Трамп падна за 220 места на листата и сега ја зазема 544 позиција со богатство проценето на 3,5 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

Три совети на претприемач мултимилионер до кои ќе посакате да се придржувате

Три совети на претприемач мултимилионер до кои ќе посакате да се придржувате

9 вредни нешта кои успешните луѓе во бизнисот ги прават поразлично од останатите

9 вредни нешта кои успешните луѓе во бизнисот ги прават поразлично од останатите

Професии за кои не знаевте дека постојат а може да ви донесат илјадници долари

Професии за кои не знаевте дека постојат а може да ви донесат илјадници долари

Цитати кои најдобро ги опишуваат парите и колку тие се „важни“: „Постојат луѓе кои имаат пари и постојат луѓе кои се богати“

Цитати кои најдобро ги опишуваат парите и колку тие се „важни“: „Постојат луѓе кои имаат пари и постојат луѓе кои се богати“

Од чување куче до пеглање: Тројца млади создале сајт на кој заработуваат студенти и домаќинки

Од чување куче до пеглање: Тројца млади создале сајт на кој заработуваат студенти и домаќинки

Нема неонка што ќе ви го осветли патот кон успех-Овие знаци ќе ве однесат напред од статус кво ситуацијата

Нема неонка што ќе ви го осветли патот кон успех-Овие знаци ќе ве однесат напред од статус кво ситуацијата

Совети: Како да се искачите на кариерната скала и да успеете на врвот?

Совети: Како да се искачите на кариерната скала и да успеете на врвот?

ИСКУСТВО ШТО ВРЕДИ: Што научив од еден викенд со мултимилионер

ИСКУСТВО ШТО ВРЕДИ: Што научив од еден викенд со мултимилионер

Жените во бизнисот носат милијарди: Доказ е оваа економија!

Жените во бизнисот носат милијарди: Доказ е оваа економија!