Свртеле 21.8 милијарди евра, заработуваат и никој ништо не им може
Објавено во: Свет 22 Март, 2017
Агро мафијата во Италија лани заработила 21.8 милијарди евра, или за 30% повеќе во однос на година претходно.
Тие илегално тргуваат со месо, маслиново масло, овошје и зеленчук.
Овој вид на криминал е најбрзорастечки во Италија.
Најголемо упориште им се рестораните и се проценува дека мафијата има на располагање 5000 угостителски објекти.
Овој криминал ги уништува малите, средните, а на крај и големите произведувачи.
Освен што заработува огромни суми на нелегален начин, италијанската мафија нанесува и штети на имиџот на италијанската храна во светот. Во некои случаи се употребуваат и неквалитетни состојки за производите. Тоа може да биде опасно за здравјето на потрошувачите.