СЗО: Блиску сме до пандемија од коронавирус
Објавено во: Свет 09 Март, 2020
Блиску сме до пандемија од КОВИД 19, но светот не е оставен на милост на вирусот. Ова е денешниот заклучок на СЗО, откако бројот на заболени во светот надмина сто илјади и истиот речиси неконтролирано расте.
„Сега, кога вирусот стапна во многу држави, заканата од пандемија стана многу реална, но ќе биде првата пандемија во историјата, која ќе може да се контролира. Заклучокот е дека не сме во милост на вирусот“, соопшти претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Предноста е што одлуките кои ги преземаат владите, бизнисите, заедниците, семејствата и самите индивидуи можат да влијаат на траекторијата на вирусот.