15 Мај, 2024
0.1583

СЗО: Има прогресија на пандемијата, бројот наскоро ќе надмине 1 милион

Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Бројот на смртните случаи само за една недела двојно се зголеми, воопшто во севтот. Светската здравствена организација со загриженост ја следи ситуацијата, предупредувајќи дека владите на државите мора да прават повеќе.

Според извршниот директор на СЗО, Тедрос Аданом, момемнталната експоненцијална прогресија на пандемијата од коронавирусот, уште во следната недела ќе доведе бројот на заразени да надминува милион, и да има зголемен број на починати лица.

– Јас сум длабоко загрижен од брзата ескалација и ширењето на коронавирусот во светот. Бројот на смртни случаи, во однос на минатата недела, двојно се зголеми. Очекуваме, веќе во наредните денови, бројот на заразени со Ковид-19 да достигне 1 милион луѓе, но и бројот на смртрни случаи наверојатно за ќе надмине 50.000 луѓе, изхави Тедрос Аданом

Во моментов епицентар на пандемијата се САД со 215 илјади заразени, и нешто повеќе од 5000 починати. Загрижувачка е состојбата во светскиот финансиски центар Њујорк, каде гувернерот Ендрју Куомо, предупреди дека таму би можеле да починат дури 16.000 луѓе. Според него, пикот на епидемијата во Големото јаболко, се очекува дури за еден месец, па предвидувањата се дека тогаш во Њујорк ќе бидат потребни 110.000 болнички кревети и 37.000 апарати за дишење

Во Европа, жариштето на коронавирусот е во Италија, каде бројот на заразени надмина 110.000, но тука и смртноста е најголема, досега се починати повеќе од 13.000 луѓе. Здравствените власти на Италија сметаат дека пандемијата во земјата сега го достигнува врвот, но карантинот ќе трае најмалку до 13 април. И во Шпанија е повеќе од сериозно, таму бројот на заразени се наближува кон 105.000, но исто така и бројот на починати е многу висок, 9.300 луѓе. Меѓу најпогодените европски земји е и Германија, каде има речиси 78.000 заразени луѓе, но за разлика од останатите, стапката на смртност во Германија е релативно ниска. Починати се досега 931 пациент. Германија ги заостри мерките за движење и тие ќе важат до 20 април, односно по велигденските празници:

-Се наближуваат велигденските празници, но мерките и понатаму остануваат на сила, а ќе се воведат и дополнителни ограничувања на движењето со цел спречување на шширењето на заразата. Граѓаните да не патуваат ниту внатре во земјата, ниту во странство. Овие мерки подразбираат и посери на роднини и пријатели, изјави канцеларката Ангела Меркел.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува