17 Мај, 2024
0.0291

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Граѓаните, но и еколозите се сложуваат дека во македонските градови е потребно да има повеќе зеленило и паркови.

Светската здравствена организација(СЗО) има стандарди за тоа колку зеленило е потребно по глава на жител. Татјана Чакулев од О2 Иницијатива вели дека последниот стандард за урбано зеленило според СЗО е 5.000 до 10.000 м2 (0.5 - 1 хектар) зелена површина во радиус од 300 метра од местото на живеење на секој жител. Македонија на ова поле треба да работи. Повеќе зеленило значи и повеќе бенефити за здравјето на населението.

„Блоковското зеленило во Карпош 3 е околу 1.500 м2, за споредба. Потребата за зеленило не е само по глава на жител, туку секој жител да има доволно достапно зеленило околу местото на живеење. Потребно е многу повеќе зеленило во секој град и претворање наместо во градежни површини, во зеленило за да воопшто во некоја намалена форма се приближиме до овој стандард. Државното земјиште е потребно да се предвиди за зеленило, а не за продажба како градежно земјиште. Потребно е и обратното, откупување на земјиште за да има доволно јавни зелени површини во близина на живеење на секој жител. Ова е потребно како за физичкото, така и за менталното здравје на секој жител“, објаснува Чакулев.

Љубица Балојани од „Еко жена“ од Битола вели дека треба да се угледаме на странските земји, како тие управуваат со зеленилото и колкави паркови имаат.

„Апсолутно, моето мислење е дека треба повеќе зеленило. Веќе 24 години се залагаме за зелени површини, за здрава животна средина, да дишиме чист воздух. Секоја педа да се искористи за дрвца, цвеќе, да се посади. Имаме голем парк во Битола и во центарот на градот има цвеќиња, но има простор за повеќе. Има празен простор околу станбените згради, повеќекатниците и тука треба да се преземат мерки за да се збогати тој простор. И по тротоарите треба да има повеќе дрвореди. Сите тротоари се запоседнати од автомобилите. Значи и школските дворови да бидат уредени со зеленило. Луѓето треба да си ја разубават околината. Треба да се угледаме на странските земји, не мора подалеку, еве на соседите. Одиме на шопинг, на одмори, гледаме како е, ама тоа треба да го примениме овде“, вели Балојани.

Граѓаните објаснуваат дека и оние зелени површини кои ги има во градовите, треба соодветно да се одржуваат.

„За Прилеп можам да кажам дека има паркови, само треба да се одржуваат. И низ центарот имаме дрвореди, но секогаш може подобро“, рече прилепчанка. 

Лани е објавено дека македонскиот главен град има само 24 отсто зеленило на својата територија, од кои 6 отсто се јавни зелени простори, а 15 отсто се дрвја. За споредба во просек, околу 40 отсто од површината на европските градови се состои од урбана зелена инфраструктура, со тоа што 44 отсто од населението во урбани подрачја во Европа живее на 300 метри оддалеченост од парк. Некои градови, како што се Виена и Фрајбург, имаат дури и шумски површини во нивните градски центри. Според Европската агенција за животна средина, во согласност со податоци од 2018 година, 74 отсто од територијата на хрватската престолнина Загреб и 67 отсто од територијата на словенечкиот главен град Љубљана се покриени со зеленило. Пред неколку години, Љубљана беше прогласена за најзелена престолнина во Европа.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/EyeEm

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање