ТАЈФУН СЕ БЛИЖИ КОН ОВОЈ ГРАД: Загрозени се 100.000 луѓе
Објавено во: Свет 08 Август, 2018
Тајфунот Шаншан, проследен со силен ветер и поројни дождови, се приближува кон Токио.
Тој се заканува да удри во реоните североисточно од јапонскиот главен град, каде живеат над 100.000 луѓе.
Тајфунот е регистиран денеска на 200 километри југоисточно од Токио. Се очекува тој да стигне до јапонските острови утре во претпладневните часови по локално време.
Јапонската метеоролошка служба информира дека во жариштето на Шаншан дуваат ветрови со јачина од 180 километри на час.
Поради наближувањето на Шаншан откажани се околу 160 летови од аеродормите во пацифичкото крајбрежје и се спроведува евакуација на населението од реоните кои се очекува да бидат изложени на директен удар на тајфунот.