Тајландскиот крал во самоизолација во германски хотел со 20 конкубини
Објавено во: Свет 30 Март, 2020
Кралот на Тајланд со себе си зел харем од 20 конкубини во самоозолација во голем хотел во јужна Германија, објави „Билд“.
За кралот познат како Рама X, се верува дека го резервирал хотелот ЗОненбихл во Баварија за да се изолира за време на пандемијата на коронавирус.
Германскиот таблоид „Билд“ објави дека 67-годишник го резервирал целиот хотел, со дозвола од локалниот окружен совет.
Не е познато дали четвртата сопруга на Рама Х во моментот престојува во хотелот со него, сепак, се смета дека 119 членови на кралската придружба се испратени назад во Тајланд, во услови на загриженост од Ковид-19.
Тајландскиот регент има втор дом во Германија каде го поминува поголемиот дел од своето време, а за него се смета дека нема јавен настап во матичната земја од февруари.