03 Мај, 2024
0.0398

ТАЈМ: Ангела Меркел личност на годината!

Објавено во: Стил 09 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината.

Главната уредничка на магазинот, Ненси Гибс, откри дека Меркел е вистинската личност на која треба да и се додели оваа титула бидејќи таа е жена која управува со должничката криза во Европа и која ги отвори границите на својата земја за стотина илјади бегалци.

Магазинот нејзе и ја додели оваа титула затоа што „побарала повеќе од својата земја отколку што повеќето други политичари би се осудиле, поради тоа што одлично застанала поради тиранијата и за пружање на непоколебливото морално лидерство во светот“.

„Гледајќи на бегалците како на луѓе кои треба да се спасат, а не како на окупатори кои треба да се протераат, оваа жена ја употреби милосрдноста како оружје“, рекла Ненси Гибс во образложението и додала: „Можете да се согласувате со неа или не, но таа сепак не го избира лесниот пат. Лидерите се тестираат само тогаш кога луѓето не сакаат да ги следат“.