„Тајм“ го исфрли Путин од Топ-100 листата
Објавено во: Свет 22 Април, 2018
„Тајм“ во 2007 го прогласи за човек на годината, но рускиот претседател Владимир Путин во априлскиот број на списанието за прв пат по пет години не се најде во Топ-100 листата на највлијателни лидери.
За Путин, кој своевремено се најде на насловната на „Тајм“, нема место во ниту една категорија.
Неприкосновениот политичар во последно време не е популарен кај Западот по интервенцијата на руската армија во Сирија и убедливата победа на изборите во Русија.