„ТАЈВАН Е КИНА, ШТО НЕ Е ТОЧНО?“: Вучиќ од Тирана одговори за две секунди
Објавено во: Балкан 29 Февруари, 2024
Српскиот претседател,
Александар Вучиќ кој присуствува на Самиотот за Западен Балкан во Тирана, на
прашањето за пишувањето на некои медиуми дека неговиот став за Тајван скапо ќе
ја чини Србија, Вучиќ рече дека нема ништо спорно во неговиот одговор.
- Реков дека ќе одговорам за 10 секунди, а ќе ви одговорам за две - Тајван е Кина. Што е проблемот, а што не е точно? Дали е така во ОН, сакате да го уништиме системот на ОН? Сакате ли утре да ми кажете дека не смеам да зборувам за Косово и Метохија и за резолуциите на ОН? Кого повредив? Има ли друга политика, чија политика е поинаква - руска, американска, која мисли дека Тајван не е Кина? Се глупираат – рече Вучиќ.
ФОТО: EPA-EFE/MALTON DIBRA