27 Април, 2024
0.0260

Таки Фити: Македонија ќе се соочи со зголемување даноци

Објавено во: Финансии 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија на средно рочен период ќе се соочи со зголемување на даноците, оти буџетот не може веќе да ја издржи оваа растрошна политика, изјави академик Таки Фити за 24 вести.

- Владата ја напушти фискалната строгост кон средината на 2008  та година и почна да се оди со приблично длабок за македонски околности, буџетски дефицит кој сега достигна 3,5 отсто од Бруто Домашниот производ.  Според мене, јавниот долг на државата изнесува  34% или долгот е приближно 3 милијарди евра.  Но ние мора да бидеме претпазливи во идното кредитирање на долгото. Ситуацијата е алармантна затоа што преку зголемената буџетска потрошувачка не може да се очекува покренување на  економијата. Овој концепт е одржлив за една, две години но потоа тој нема да даде  ефекти, вели Фити.

Новите долгови прават терет, а се зависи од капацитетот на економијата навреме да ги враќа долговите, а Македонија има ограничен капацитет за тоа, смета тој. Според Фити клучно прашање е како и од кои извори ќе се финансира буџетскиот дефицит и за што завршуваат тие пари. Според професорот дел од буџетските средства завршија за непродуктивни цели и надвор од земјата, односно добар дел од парите се потрошија нерационално.

- Ако вложите еден денар тој треба да додаде 2 денари на БДП или при потрошени 100 милиони евра,  треба да се вратат 200 милиони евра. Ако добар дел од парите се за непродуктивни цели и дел од парите завршуваат надвор, не само што нема поврат на парите туку  може да сте  во минус. Притисокот врз буџетот, со зголемени плати, пензии и социјални транфери нема да може да се издржи долго. И Македонија ќе се соочи со состојба да крати од трошењата. Не може да се оди со зголемување на пензиите ако знаеме дека бројот на пензионери е голем. Второ ако државата кумулира долгови, ако економијата не тргне, а ратите доспеваат тогаш ќе треба да се земаат нови кредити, состојба што не е одржлива,  или ќе се соочиме со сотојба на зголемување на даноци, изјави Академик Таки Фити.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат