27 Април, 2024
0.0250

TАМУ Е НАЈДОБРО ДА СЕ БИДЕ МАЈКА: Но, наталитетот им тоне

Објавено во: Стил 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Финска  е прогласена за најдобро место да се биде мајка, но го регистрира најмалиот број новороденчиња во последните 150 години, пишува Bloomberg.

Плодноста постојано паѓа од почетокот на деценијата, а веројатноста за пресвртна тенденција е мала. Според експертите, статистиката е застрашувачка.

Идејата зад "породилни пакети" е поттикната од загриженоста за високата стапка на смртност на доенчиња кај семејствата со ниски приходи. Потоа, беше договорено кутиите да бидат дистрибуирани до сите семејства.

Финска веќе има најнизок процент на млади луѓе, односно работоспособно население во Северна Европа. Земјата, исто така, има највисок процент на зависна стара популација во регионот.

Според Европската комисија, демографските фактори го ограничуваат потенцијалот за економски раст на Финска, кој се очекува да достигне врв од 1,9% во 2035 година и да се намали на 1,5%  помеѓу 2050 и 2060 година.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти