Таравари вели дека инцидентите кај Мавровка ги испровоцираа навивачки групи организирани од Груби
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2022
Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ тврди дека инцидентите, кои се случија на еден од протестите, кога нивни сопартиец извади пиштол и пукаше кон масата демонстранти биле испровоцирани од навивачките групи на Шкупи, со кои управувал Артан Груби од коалициониот партнер на власта, ДУИ.
„Значи, ние воопшто не сме активни на протестите. Дури и не сме за протестите. Кој сака може да си протестира, кој не сака, не мора. Само во неколку наврати кажавме дека сме против говор на омраза. Инаку, на една од петте вечери што се протестираше се случи тој немил настан пред Мавровка“, вели тој.
Додаде дека според последните информации тука директно се вклучени ДУИ и СДСМ.