ТАТКО И СИН ЗАГИНАА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Соседите раскажаа што точно се случило
Објавено во: Балкан 30 Декември, 2020
Жителите на Мајске Пољане, раскажаа како ги пронашле телата на загинати татко и син по силниот земјотрес.
„Слушнавме вресок, се качивме горе. Фрањо и неговиот син беа мртви. Тој работеше во полиција“, велат тие.
Преплашените граѓани раскажуваат дека ноќта ја поминале во автомобилите, а палеле и оган на улица за да се стоплат. Најмалку седум луѓе загинаа во разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер кој ја погоди Хрватска. Луѓето раскажуваат дека за две минути, луѓето останале без она што го граделе цел живот. И денес се регистрирани неколку потреси во Хрватска. Земјата се расцепи од силниот потрес. Земјите од регионот, ќе одвојат средства за помош на Хрватска.