Таткото се прости од младиот убиен фудбалер
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2017
МВР и натаму нема конкретни детали за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев кој беше ликвидиран пред неговата зграда во Аеродром со повеќе истрели од пиштол во главата. По погребот, Бранислав Јанушев, таткото на Мартин се огласи на Фејсбук испраќајќи последни зборови.
„Немам зборови. Ми отиде детето од неранимајковци…“, напиша Бранислав.
Мартин Јанушев беше убиен на 03.11.2017 со мотиви за кои засега се шпекулира дека доаѓаат од подземјето поврзани со рекетарска група која сака да се прошири во Скопје и врши голем терор. Зошто токму фудбалерот бил мета и било нарачано убиство над него засега е мистерија.
Настрана шпекулациите МВР треба да си ја заврши својата работа и да ги утврди сите околности на крвавиот настан, да ги открие мотивите на сторителот и да го изведе пред правдата.
Опозицијата го обвини министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека случајот има политичка позадина и дека МВР не преземала никакви мерки за создавање обрач околу местото на злосторот за навреме да го фати убиецот за кој се сомневаат дека заедно со нарачателот се крие во соседна држава.