26 Април, 2024
0.0260

ТАВ ги сака аеродромите во Њујорк и Истанбул

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Турскиот оператор на аеродроми ТАВ, кој ги управува и скопскиот и охридскиот аеродром, планира заеднички да конкурира за правото за управување на аеродромот „ЛаГвардија“ во градот Њујорк на конкурсот за претквалификација заедно со својот партнер „Аеропор де Пари“, пренесува Блумберг. - Заедно со АДП ќе конкурираме за претквалификација за правото на управување со аеродромот „ЛаГвардија“ – изјави главниот извршен директор, Сани Сенер, за „Ројтерс“ во текот на посетата на француската деловна делегација на Истанбул. Аеродромот е централен хаб на авиокомпанијата „Делта ЕрЛајнс“ и во 2011 од него полетаа и слетаа 24,1 милиони патници. Тав е заинтересиран за управува и со третиот истанбулски аеродром. Покрај ТАВ, заинтересирани се и „Лимак Холдинг“, кој оперира со вториот аеродром во градот „Сабиха Гикчен“ и кој го доби тендерот за изградба на подземна сообраќајница и згради по Јужниот булевар во Скопје, а за аеродромот интерес покажува и „Аларко Ходлингот“, меѓу другите. Сепак, пазарите сметаат дека има само еден веројатен победник на овој тендер, а тоа е ТАВ. Токму затоа изјавата на министерот Јилдрим ги крена акциите на компанијата на највисоко ниво во период од 5 години, при што тие пораснаа за 1,5 отсто до 10,20 турски лири на берзта во Истанбул, извести „Блумберг“.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија