Технички водоводен зафат во тек во Лисиче
Објавено во: Мои пари 26 Август, 2019
ЈП Водовод и Канализација – Скопје ги известува своите корисници дека во населбата Лисиче во тек е изведувањето на техничкиот зафат за инсталација на “затварачи” кои во иднина ќе обезбедат парцијален прекин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде евентуално би се појавил дефект.
Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прекин на водоснабдувањето во целиот реон. Прекинот на водоснабдувањето во населбата Лисиче ќе трае до завршување на техничкиот зафат.