14 Мај, 2024
0.0254

„Телеком“ одбива да ги прифати одлуките на судот во Америка

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Барање за отфрлање на процесот поднесе одбраната на тројцата поранешни менаџери во команијата Маѓар Телеком, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи, обвинети во САД за корумпирање на властите на Македонија и на Црна Гора, поднела барање да се отфрли процесот поради тоа што судот во Њујорк немал надлежност над овој случај. Застапниците на СЕЦ, на вчерашното рочиште во Јужниот, окружен суд во Њујорк, возвратиле дека обвинетите користеле лажни документи, вклучително и на американска територија, значи дека американските судови имаат надлежност да го судат овој процес. Се очекува конечната одлука за барањето на одбраната судијата Ричард Саливан да ја донесе во февруари идната година. Во овој процес, Штрауб, Балог и Морваи се обвинети дека во делот за Македонија, во 2005 година направиле недозволен договор со македонската Влада чија цел била да се спречи отворањето на македонскиот телекомуникациски пазар за конкурентски компании. За возврат, менаџерите на Маѓар Телеком, компанија под капата на германскиот Дојче Телеком која е доминантен сопственик на Македонски телекомуникации и Т-Мобиле, тогашниот Мобимак, склучувале договори за фиктивни консултантски услуги и така прелевале пари од компанијата. Маѓар Телеком и Дојче Телеком веќе им платија казна од 95 милиони долари на американските власти, поради корумпирањето на властите во Македонија и во Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра