05 Мај, 2024
0.0249

ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР ЗА 10 ДЕНА ЌЕ ЕМИТУВА ЗАБАВНИ ПРОГРАМИ: На 1.мај „Преобразба“ оди во етер

Објавено во: Македонија 18 Април, 2023

Добивај вести на Viber

ТВ „Преобразба“ на Владиката Петар кој од вчера повторно е во центарот на вниманието поради неговото велигденско послание во кое го нападна феминизмот, а родовата еднаквост ја нарече изопаченост, треба да зрачи во етер од 1.мај.

Според одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), согласно Одлуката за доделување на дозволата, се обврзува да започне со вршење на дејноста на 1-ви мај 2023 година. Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.

Како што претходно објави Фактор, во Одлуката на Советот на АВМУ, меѓу другото, стои дека „се доделува дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на регионално ниво Скопје, што ги опфаќа градот Скопје и општините Чучер сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште, на правното лице ‚Преобразба“.

Но, официјално Владиката не соопшти кои ќе бидат содржините на неговата телевизија, исто како што од негова страна нема никакви коментари по вчерашното велигденско послание, по кое се нижат критики од сите страни. За ова прашање веќе два дена молчи и МПЦ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува