Тепавчевиќ: Наесен вирусот ќе се врати, да размислуваме за училиште на лето
Објавено во: Балкан 20 Април, 2020
Вирусот ќе слабее со доаѓањето на потоплото време, но сигурно е дека ќе се појави наесен, изјави попладнево доктор Дарија Кисиќ Тепавчевиќ за српската ТВ Б92.
„Точно е дека на повисоки температури може да преживее пократко. Во лето, социјалното растојание ќе биде многу поефикасно“, објасни таа.
Лекарката објасни дека колективниот имунитет се зајакнува и дека при високи температури вирусот ќе ослабне.
"Сосема е сигурно дека вирусот повторно ќе се појави во есен, но никогаш повеќе не може да се случи тоа да биде со овој интензитет. Теоретски може да мутира и повторно да се појави, но нема исто толку антигенска мутациска способност како вирус на грип", рече Др. Кисиќ Тепавчевиќ.
Кога станува збор за продолжување на работата на училиштата, докторката рече дека враќањето на децата на училиште ќе има смисла за да се зајакне колективниот имунитет.
„Да се вратиме на училиште е професионално оправдано. Постојат оправдувања за одење на училиште во текот на летото, но за родителите тоа би било вистински кошмар“, рече д-р Кишиќ Тепавчевиќ.
Таа најави дека до крајот на следниот месец, животот може да се врати во нормала.
„Кога официјално се вели дека повеќе не постои вонредна состојба, сепак ќе има одредени мерки“, објасни д-р Кисиќ Тепавчевиќ.