26 Април, 2024
0.0282

ТЕРЕЗА МЕЈ ОДЛУЧНА: Британија го напушта единствениот пазар на ЕУ

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Велика Британија треба да го напушти единствениот пазар на Европската унија и нема да ги почитува четирите слободи, вклучувајќи и слободата на движењето, и нема да плаќа големи придонеси на Брисел. Ова го изјави британската премиерка Тереза ​​Меј во долгоочекуваниот говор при претставувањето на стратегијата за Бегзит.

Меј е категорична дека „никаков договор е подобро од лош договор“. Според неа иако Лондон нема да бара членство во единствениот пазар, ќе се стреми кон „што е можно поголемиот пристап до него“. Тоа значи дека Велика Британија и другите земји членки на ЕУ ќе тргуваат меѓу себе според правилата на Светската трговска организација (СТО).

Таа истакна дека приоритет за земјата ќе биде трговијата со другите делови на светот - Нов Зеланд, Канада, Австралија, САД, Индија, Пакистан, Бангладеш, земји во Африка и сл.

Премиерот на Велика Британија објави дека ќе биде затегната контролата на увоз во земјата, но ќе се гарантираат правата на граѓаните кои доаѓаат од ЕУ, како и на британските државјани кои живеат во држави од ЕУ.

"„Велика Британија ќе се повлече од Европскиот суд и сите закони ќе бидат создадени во британскиот парламент“, изјави Тереза ​​Меј. Според неа земјата гласа за посветла иднина и Брегзит ќе ја направи посилна и пообединета.

Таа објасни дека конечниот договор ќе биде изгласан во британскиот парламент, но не коментира што ќе се случи ако не биде одобрен.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9