Тешка сообраќајна несреќа во Свети Николе
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018
Вчера околу 17.15 часот во близина на крстосницата кај селото Амзабегово, Светиниколско се случила тешка сообраќајна несреќа.
Од полицијата информираа дека 28-годишниот Б.В. од истото село, управувајќи патничко моторно возило “форд фокус“ со штипски регистарски таблички, поради неприлагодена брзина кон условите на патот, загубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар Штип.
Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.