Тешко оди легализацијата на дивоградбите во Виница
Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2013
Од вкупно 3.071 поднесено барања, Општина Виница успеала да легализира само 402 дивоградби или 11% од барањата.
Постапката е запрена за 1.600 предмети поради некомплетна документација, а комисијата во моментот работи на 54 предмети, посочуваат од Општината. Инаку дури 1012 предмети сеуште не се разгледани што претставува 30% од поднесените барања.