26 Април, 2024
0.0271

ТЕСТОСТЕРОНОТ Е ВИНОВНИК ЗА ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА ?

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Машката наследна ќелавост или андрогенетската алопеција е најчестата форма на губење на косата кај мажи. Две третини од мажите до 35 години имаат забележливо проретчување на косата. 25% пак од мажите кои страдаат од наследна ќелавост се соочуваат со губење на косата уште пред да наполнат 21 година.


Спротивно на социјалните верувања, најголем дел од мажите со опаѓање на косата се екстремно несреќни со нивната ситуација и би направиле се за да тоа го променат. Губењето на косата влијае на секој аспект од нивниот живот, влијае на меѓучовечките односи како и на нивниот професионален живот.

Многу често на тестостеронот му се препишува вината за опаѓање на косата. Но дали навистина е така ?

Д-р Елена Арсова, трихолог од 101 Hair Clinic вели дека машките полови хормони навистина имаат улога кај опаѓањето на косата, но всушност не е тестостеронот причина за опаѓање на косата.

Андрогените се стероидни хормони чија примарна функција е да ги одржуваат машките карактеристики кај луѓето. Најважен андроген е тестостеронот кој е присутен во големи количини кај мажите и во мали количини кај жените.

Со цел да се сфати улогата на тестостеронот кај андрогенетската форма на губење на косата потребно е да се разбере неговиот метаболизам, додава д-р Арсова. Тестостерон се метаболизира во 2 многу важни хормони: естрадиол и ДХТ (дихидротестостерон). Ензимот кој го конвертира тестостерон во ДХТ е 5 алфа редуктаза и претставува последниот чекор во метаболизмот на тестостеронот.

ДХТ е многу посилна форма од самиот тестостерон, и всушност тој е одговорен за андрогенетскиот тип на губење на косата. Со цел да го манифестира своето дејство потребно е фоликулите на влакното да се чувствителни на неговото дејство што е пак генетски предиспонирано. Гените за губење на косата кои се наследуваат по линија на мајка и татко, одредуваат фоликулите на влакното да имаат силна чувствителност на андрогените, првенствено DHT. DHT има 3 пати повеќе афинитет за андрогените рецептори кои се присутни во фоликулите на косата.

Само кај генетски осетливите влакнени фоликули, ДХТ предизвикува фазата на раст на влакното да стане пократка. Влакната произведени од ваквите фоликули не можат да израснат во полна големина поради тој краток период па затоа се намалуваат во големина ( во должина и дебелина), процес наречен минијатуризација. Наместо цврста и здрава коса, расте тенка и слаба во замена, па густината и волументо на косата постепено се намалува.

Познавањето на механизмот на настанување на андрогенетското опаѓање на косата, овозможи да се развијат методи кои успешно го третираат. Третманите се базираат на спречување на дејството на ДХТ како и на стимулација на функцијата на фоликулот. Постојат неколку одобрени и научно докажани ефикасни третмани во  стопирање на губењето и враќање на растот на косата кои  успешно се применуваат во цел свет.

Ласерската биостимулација обезбедува раст и репликација на клетките од коренот на влакното и го одржува растот на влакното, спротиставувајќи се на ефектите кои ги предизвикува ДХТ.

Микронидлинг мезотерапијата делува преку формирање на мали точкасти микроубоди, ранички на кожата. Во процес на регенерација се ослободуваат различни активни состојки меѓу кои и фактори за раст на косата кои директно ја подобруваат функцијата на фоликулот, а се стимулираат и матичните клетки во булбусот на влакното за подобар раст.

ФУЕ трансплантацијата на коса, е метода која овоможува пресадување на микрографтови од донорската регија во зоните на проретчување и обезбедува не само оптимална густина туку пред се природен изглед на трансплантираната коса.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“