18 Мај, 2024
0.0774

ТЕСТОВИТЕ ЗА МАТУРА НЕ СЕ НИ ДОИСПЕЧАТЕНИ: „ДИЦ го продолжува штрајкот и не знаеме кога би се одржало тестирањето“, Бошковска за Фактор

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Неизвесно е кога ќе се одржи тестирањето за државната матура, а инку вчера не се одржа ниту тестирањето по природни науки и математика кое е во рамки на меѓународното тестирање ТИМСС за четвртоодделенците, а кое исто така го спроведува Државниот испитен центар бидејќи досега немаат никаков одговор од Министерствот за финасии во однос на нивното барање за зголемување на платите.

Во изјава за Фактор, Емилија Бошковска, претседателка на Синдикалната организација на ДИЦ (СОДИЦ), вели дека како испитен центар на ниво на држава имаат уште многу работа околу подготовката за државната матура, но сите процеси се стопирани поради генерталниот штрајк во кој стапија вработените.

-Барањето до Министерството за финасии со наведените измени во Колективниот договор го испративме во периодот од 10. април до 24. април, но дотогаш не добивме никаков одговор. Во генерален штрајк сме од 24. Април, значи повеќе од една недела и одговор се уште нема. Сите процеси ги запревме. Материјалот, односно тестовите за државната матура не се доиспечатени, но не е само тоа. Треба да се одредуваат тестатори, терба материјалите да се дистрибурираат, а времето врви. Не моќам со сигурност да ви кажам кога би ги завршиле сите овие работи. Ако наскоро биде позитивно решено нашето барање, ние сме подгптвени секако да работиме дење-ноќе, прекувремено, викенди. Но, не сум сигурна дека и тоа би било доволно за да се стигне со првиот испит, односно полагањето на предметот по мајчин јазик да се одржи на 27.мај. Се зависи од Министерството за финасии, а секако и од Министерството за образование. Но, мора ние да имаме чиста ситуација за да ја продолжиме работата. Доколку ништо не се случи, агонијата ќе продолжи, вели Бошковска.

Таа вели дека со нивните барања, не би го оптовариле буџетот.

-Станува збор за 400.000 денари фискална импликација. Тоа не е огромен товар за буџетот, бидејќи и ние самите го полниме, така што воопшто не е во ред дури 11 од вкупно 29 вработени во ДИЦ да земаат минимална плата од 20.100 денари. За да се спроведе еден ваков комплексен процес, како што е државната матура, навистина треба луѓето да се мотивирани, да постои ентузијазам. Ние и сега разговараме, кој до каде е стигнат со подготовка на материјалите, и повторно ќе речам, датумот за одржувањето зависи исклучиво од одговорот на Министерзтвото за финасии, нагласува таа.

Истовремено потенцира дека има начин како да не бидат оштетени учениците кои сакаат да го продолжат образованието надвор од Македонија.

-Тие кои мора да ги запазат роковите за студирање на некои од универзитетите надвор од Македонија доаѓаат во Државнит испитен центар и да добиваат потврда дека се пријавиле за полагање државна матура, а ние им кажуваме кога би биле готови резултатите. На тој начин практично аплицираат, вели Бошковска.

Таа истовремено најави дека најверојатно денеска ќе одржат и прес-конференција на која ќе ги соопштат сите детали.

Инаку, од страна на ДИЦ за време на штрајкот освен Државната матура, запрени се и другите процеси за кои се надлежни: државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, како и меѓународното тестирање ТИМСС, кое државата ја чини 50.000 евра годишно.

Анита Буховски

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци