26 Април, 2024
0.0285

„Тетекс“ милионерче!

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

„Тетекс“ може да биде посакувана акција зашто  е реално да се очекува дека и за 2016 година ќе дели солидна дивиденда. Барем така покажуваат резултатите. Лани исплати 43,7 милиони денари дивиденда на добивка за 2015 година пониска за 32 отсто

Најпозната македонска текстилна компанија „Тетекс“ од Тетово 2016 година ја заврши со добивка што надминува еден милион евра, што е најдобар резултат во последниве пет години. Нето добивката на крајот на 2016 година изнесува 62,4 милиони денари и е за 32 отсто повисока од нето добивката остварена во 2015 година. Од достапните податоци во билансите на компанијата е видливо дека значајно учество во креирањето на добивката имаат останатите приходи на „Тетекс“ кои лани достигнале 90,8 милиони денари и се за 273 отсто повисоки во однос на 2015 година.

Од дејноста односно производство на конфекција и облека „Тетекс“ имал приходи во износ од 238,4 милиони денари и тие се на ниво на приходите во 2015 година. Во нивната структура соодносот на ставките покажува значајна доминација на приходите на домашен пазар во износ од 138,6 милиони денари наспроти приходите од странство во износ од 99,8 милиони денари. При тоа важно е да се истакне дека приходите на домашниот пазар лани пораснале за 19 отсто во однос на 2015 година, а приходите во девизи се намалиле за 16 отсто.

Расходите на компанијата лани изнесуваат вкупно 320,5 милиони денари и во однос на 2015 година бележат раст од 6 отсто. Најглема расходна ставка традиционално се трошоците за суровини и други материјали во износ од 144 милиони денари кои во однос на 2015 година пораснале за 13 отсто. Втора расходна ставка се трошоците за плати и придонеси за вработените кои надминуваат 90 милиони денари. Кога ќе се стави рецка на приходите минус расходите состојбата е 45 милиони денари колку што изнесува оперативната добивка на „Тетекс“. 

До милион евра добивка „Тетекс“ стигна со помош на 355.000 евра приходи од дивиденди

И лани значајна приходна ставка на „Тетекс“ се финансиските приходи кои всушност се приходи од дивиденда на компанијата. Лани финансиските приходи изнесуваа 25,3 милиони денари, а од нив приходи од дивиденди се 21,9 милиони денари. Приходите од дивиденди „Тетекс“ ги остварува од два извори: во поголема мерка од својата фирма регистрирана за трговија со нафтени деривати и во помала мерка од своите акции во ТТК Банка каде што компанијата е доминантен акционер. Сепак и покрај големото значење на финансиските приходи мора да се истакне дека во споредба со 2015 година тие се значајно пониски затоа што тогаш изнесувале околу еден милион евра. Но крајниот резултат лани е подобар од 2015 година заради тоа што лани компанијата има добивка од оперативното работење наспроти 2015 година кога била во загуба во своето оперативно работење. Од паричниот тек е видливо дека „Тетекс“ лани исплатил 43,7 милиони денари за дивиденда на своите акционери кои во најголема мерка се домашни физички лица. Најголем акционер е Глигорие Гоговски актуелен прв човек на компанијата. Тој поседува околу 13 отсто од акциите во „Тетекс“.

„Тетекс“ нема кредити, а обврските ги намалил за 52 отсто

Во отежнати услови на стопанисување менаџментот на „Тетекс“ ги преполовив тековните обврски на компанијата. На крајот на 2016 година тие изнесуваат 59,5 милиони денари и се 52 отсто пониски од 2015 година. Од билансот на состојба е видливо дека „Тетекс“ не должи на банките и нема обврски по кредити. Воедно воопшто нема ниту долгорочни обврски. Во билансот на состојба се гледа дека компанијата ги намалила и своите побарувања од купувачи за 28 отсто и тие на крајот на 2016 година се сведени на ниво од 28,1 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина