26 Април, 2024
0.0480

“Тиквеш“ доби злато на меѓународен натпревар во Франција

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

 Виното “Grenache Blanc Special Selection“ на винарската визба “Тиквеш“ е добитник на златен медал на меѓународниот натпревар на вина од сортата “гренаш“ кој се одржа во Франција. На листата наградени доминираат вина произведени во некои од најпознатите винарници од Франција, Шпанија и Италија. Виното на “Тиквеш“ е единственото наградено вино на овој натпревар кое потекнува од Македонија, но и пошироко од Централна и Југоисточна Европа.
Покрај златен медал, “Тиквеш“ на овој натпревар освои и две сребрени медали за виното “Бела Вода“.
-Иако овој меѓународен вински натпревар се одржува за прв пат, наградите што ги добивме се особено важни за нашите брендови, за нашата винарска визба, но и за реномето на квалитетното македонско вино во целина. Да се биде во ист ранг со светската винска елита која ја сочинуваат вината од Франција, Шпанија и Италија е доволен успех сам за себе. Ова значи нов дополнителен поттик за купувачите од најзначајните странски пазари за уште поголем пробив на македонското вино со врвен квалитет“, изјави маркетинг директорот на “Тиквеш“ Радош Вукичевиќ.
Како што информираа од “Тиквеш“ очекуваат уште поголем извоз во 2013 година, а на денешната прес конференција најавија и отпочнување на извоз, односно преземање на иницијални чекори за извоз на кинескиот пазар. Исто така додадоа и дека имаат преговори за извоз и на рускиот пазар, нешто што треба да се дефинира на Саемот во февруари во Москва.
Како што информираа од ВВ “Тиквеш“ околу 60 до 65 отсто од производството на винаријата се извезува, додека останатото останува за Македонија. Регионот е се’ уште место во кое “Тиквеш“ најмногу извезува.

Можеби ќе ве интересира

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком