27 Април, 2024
0.0276

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

92-годишната Снежана Бојаџиева, докторка во пензија, со солзи во очите објаснува за својот пад и за скршеницата што ја добила на колкот среде ноќ. Вели дека добро го познава својот дом и среде темница може да се снајде, но не и тој 12 март. По падот се здобила со скршеница, за која била неопходна итна интервенција.

На смена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ тоа утро бил д-р Борислав Илев, специјалист по ортопедија, кој за многу кратко време ги направил сите потребни снимки и испитувања, анестезиолошки подготовки и проценки од ризици за оперативен зафат, ја утврдил скршеницата и решил веднаш да направи операција.

ЗА СРЕЌА, ВТОРИОТ ПАТ ПАДНАВ ВО ВИСТИНСКИ РАЦЕ, ОНИЕ НА Д-Р ИЛИЕВ И Д-Р ТРАЈКОВСКА

„Немам зборови со кои можам да ја искажам мојата благодарност за целиот тим овде предводен од д-р Борислав Илиев. Извонреден доктор, кој бргу и стручно ги изведе сите потребни процедури пред интервенцијата и стави крај на моите неподносливи болки. Посветено, со огромна љубов и стручност спрема сите пациенти. Бев фасцинирана со колкава љубов работат вработените тука, едноставно ништо не им е тешко. Од болничар, до медицинска сестра, доктор. Преблагодарна сум и на д-р Неда Трајковска, која беше заедно со д-р Илиев на интервенцијата. Многу сум слушала за нивната стручност, а сега и се уверив. Морам да истакнам благодарност и до Oдделот за физикална терапија, до Коста и д-р Ирина. Навистина имам среќа што паднав во вистински раце“ – објаснува Снежана.

ИНТЕРВЕНЦИИТЕ КАЈ ПОВОЗРАСНИТЕ ПАЦИЕНТИ ЧЕСТО ЗНААТ ДА БИДАТ И МНОГУ РИЗИЧНИ

Д-р Борислав Илиев, неколку дена по интервенцијата, вели дека е задоволен од тоа како се одвива закрепнувањето, бидејќи како што објаснува, интервенциите кај повозрасните пациенти често знаат да бидат и многу ризични. Затоа се неопходни добра проценка и подготовка.

„Пациентката Снежана Бојаџиева ја примивме по пад и повреда во пределот на левиот колк. По приемот беа направени сите потребни испитувања, лабораториски анализи, анестезиолошка проценка на ризик од оперативен зафат, како и кардиолошки преглед. Се работеше за сложена интервенција. Пациентката беше поставена на т.н. екстензивен стол, каде што под РТГ-мониторинг се направи репозиција на скршеницата. Постигната беше интраоперативна добра положба на фрагментите од скршеницата и нејзина стабилна фиксација. Кај повозрасните пациенти посебен проблем е губењето на коскената маса (остеопороза), која води кон поголема кршливост на коските, како и кон подолг временски период на зараснување на скршениците.“

„Снежана веќе вториот ден по операцијата, со помош на нашите физиотерапевти и со одалка, беше вертикализирана со минимално оптоварување на оперираната нога. Постоперативно се планира терапија, вежби за зајакнување на мускулатурата и постепено осамостојување при движење, со користење на помагало при одење во наредните 2-3 месеци“ – објаснува д-р Илиев.

Сега кога операцијата поминала во најдобар ред, Снежана се чувствува одлично и е подготвена за заздравување. Со нетрпение чека да се врати на своите омилени хобија – читање книги и гледање тенис. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком