ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА СЕ ОТФРЛА: Падна договор меѓу Заев и Груевски
Објавено во: Македонија 01 Април, 2017
„Тиранската платформа“ како што милуваат да кажат приврзаниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои повеќе од еден месец протестираат против истата ќе се отфрли, дознава Фактор.
Овој договор трите партии СДСМ, ДУИ и ВМРО ДПМНЕ го постигнале вчера а за понеделник договориле да се формира и новата Влада.
Веројатно ова е информација која многумина читатели ќе посакаа да биде вистинска, но за жал НЕ Е. Ќе ве разочараме, ако за миг помисливте дека хаосот во државата конечно ќе престане.
ЌЕ ВИ КАЖЕМЕ АПРИЛИЛИ!
Ова е шега а денеска е 1 април денот кој е познат по вкусни и невкусни шеги.
Наша цел беше да ве насмееме и да се обидеме да ви го разубавиме денот.
Редакцијата на Фактор ви посакува убав викенд, а на политичарите им поскакува помалку да лажат.